Германска ИТ компанија вработува 650 лица со аутизам

57

sapГерманската ИТ компанија SAP планира до 2020 година да вработи 650 лица со аутизам, затоа што, како што велат од компанијата, сакаат да работат со луѓе кои размислуваат поинаку.

Целта на оваа софтверска компанија, во соработка со данската Specialisterne која работи со лица со аутизам е да ги обучи и од нив да направи информатички експерти. SAP планира да ги искористи исклучителните способности што ги имаат поедини лица со аутизам во подрачјата како што се математика и анализа на податоци.

За германските здруженија кои работат со лица со аутизам ова е голем чекор напред, но предупредија дека ќе ја следат практичната примена на проектот, за да бидат сигурни дека врабтените нема да се искористуваат.

SAP веќе има вработено лица со аутизам во Индија и Ирска, а проектот ќе го прошири и на САД, Канада и Германија. Канцеларијата во Индија неодамна разви апликација за iPad наречена Bol, која служи за едукација на деца со аутизам.

Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација. Луѓето со аутизам често на тестовите за интелигенција имаат високи резултати и се ориентирани кон деталите, две способности што се многу барани во технолошката индустрија.