Германската берза ќе ги менува правилата поради Wirecard

144

Германскиот берзански оператор, Дојче берза, објави вчера дека ја разгледува можноста за ревизија на правилата за котирање на акции на главниот список.

Според Reuters, Дојче берза ги преиспитува правилата за членство во кошницата акции што го сочинуваат индексот на најликвидни акции DAX, во светло на сметководствениот скандал со Wirecard, некогашната ѕвезда на германскиот ИТ сектор.

“Довербата во пазарот на капитал очигледно страдаше во последните денови“, стои во соопштението на Дојче берза.

Фото: Pixabay