Германската економија годинава со раст од 3,5%

7

Германската економија годинава ќе порасне за 3,5% по падот од околу 5% во 2020 година, а претпандемиското ниво би требало да го достигне најрано во првата половина од идната година, предвидува германското индустриско здружение.

Нивната прогноза за оваа година е помалку оптимистична од онаа на германската влада, којашто во октомври предвиде раст од 4,4%.

Поради вториот бран од пандемијата, економијата на Германија годинава нема да се врати на нивото од пред кризата, но добри се изгледите да го достигне во првата половина од 2022-ра година.

Се очекува главниот збор во економското закрепнување да го има извозно ориентираниот индустриски сектор. Се очекува извозот оваа година да се зголеми за 6%, по остриот пад во 2020 година проценет на околу 11%.

Фото: Freepik