
Германската економија стагнираше во вториот квартал од тековната година поради инфлацијата и ниското ниво на извоз, покажаа најновите податоци на Федералниот завод за статистика.
Високите камати ја намалуваат и потрошувачката, а по економската криза која започна на почетокот на зимата, германската економија не напредуваше ниту напролет.
Бруто домашниот производ (БДП) стагнираше во вториот квартал во однос на претходниот квартал, се вели во соопштението на Институтот.
Рут Бренд, претседател на Федералното биро за статистика, рече дека инфлацијата и каматните стапки ги намалуваат трошоците и ги оптоваруваат потрошувачите.
Според економистите, странската побарувачка за германски производи е значително намалена, а главната причина за тоа е растот на каматните стапки, што ја намалува побарувачката за градежни работи и капитални добра, што го забавува кредитирањето.
Според податоците на германската државна банка (Дојче Бундесбанк), во вториот квартал имало значително помала побарувачка за станбени кредити.