
Инфлацијата во Германија се искачи на 2,1% на почетокот на 2026 година, поттикната од скапата храна и растечките цени на горивата, соопшти Федералниот завод за статистика, потврдувајќи ги прелиминарните податоци.
Потрошувачките цени во јануари беа за 2,1% повисоки отколку во истиот месец од претходната година, по инфлацијата од 1,8% во декември.
Од декември до јануари, потрошувачките цени се зголемија за 0,1%.
Статистичарите забележаа нагло зголемување на цените на храната, при што луѓето плаќаа 2,1% повеќе отколку претходната година. Во декември, цените на храната се зголемија за 0,8%. Во јануари, чоколадото беше поскапо за 21%, овошјето за 6,1%, а месото за 4,9% во споредба со претходната година. Ј
Услугите, кои со месеци поскапуваат со надпросечна стапка, исто така остануваат двигател на цените.
Зголемувањето во јануари беше малку поумерено, 3,2% во споредба со 3,5% во секој од претходните три месеци.











