Германската полиција спроведе претрес во седиштето на Volkswagen

28

volkswagen sediste

Германската полиција спроведе претрес во седиштето на Volkswagen, како дел од истрагата поврзана со скандалот за емисија на гасови во нивните дизел возила, пишува CNN Money.

Државните обвинители и полицијата извршија претрес во канцелариите во Волфсбург за да обезбедат документи и докази со цел да се утврди чија е одговорноста од овој скандал.

Од Volkswagen тврдат дека им ја предале комплетната документација на надлежните служби и дека ќе ја поддржат работата на обвинителите во корист на истрагата.

“Ова ќе помогне за брзо и целосно решавање на случајот, што е во интерес на Volkswagen“, велат од германската компанија.