Германски Penny ги затвора сите 49 продавници во Бугарија

67

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Германскиот синџир на супермаркети Penny донесе одлука до крајот на октомври да ги затвори сите свои продавници во Бугарија, пишува Труд.

Penny има вкупно 49 продавници низ Бугарија, а првиот беше отворен во 2009 година.

Сопственик на овие продавници е германската Rewe group, којашто го поседува и синџирот на малопродажни објекти Billa.

“Сите обврски кон добавувачите, деловните партнери и вработените ќе бидат целосно исполнети. На што е можно поголем број на вработени во Penny ќе им биде предложена работа во Billa. Останатите ќе добијат бенефиции што ги надминуваат законските износи“, велат од компанијата.