Германски Siemens ја купи српската компанија Милановиќ Инженеринг

59

kk

Фото:Facebook

Српската компанија Милановиќ Инженеринг од Крагуевац, којашто произведува алуминиумски делови за железнички возила стана дел од германскиот Siemens пишува b92.

Ова превземање на Siemens создаде оптимална позиција за сите идни проекти во конкурентниот пазар на индустријата. Деловната трансакција го вклучува бизнисот на Милановиќ Инженеринг, со исклучок на деловната  единица која се занимава со третман на вода.

Компанијата е основана во 2001 година, а нејзиниот промет во 2016 изнесуваше 15,3 милиони евра. Милановиќ Инженеринг во моментов вработува околу 430 луѓе.