Германски старт – ап претстави соларен автомобил од 16.000 евра

50

sono_motors_design

Фото: Sono Motors

Германскиот старт – ап Sono Motors го претстави својот соларен автомобил којшто може да се вози 29 километри користејќи ја само енергијата од сонцето. За понатамошно возење Sion може да се наполни преку стандарден полнач како кај конвенционалните електрични автомобили. Во зависност од желбата на клиентите, Sono Motors планира да продава или изнајмува батерија со која ќе може да се поминат 250 километри. Sono може да послужи и како полнач за струја за друг автомобил или уред, пишува Inhabitat.

Неговата цена изнесува 16.000 евра и има капацитет за пет лица. Минатата година овој автомобил беше поставен на платформата за групно финансирање Indiegogo, каде собра 549.895 евра.

Се очекува првите автомобили да бидат испорачани во 2018 година, а од компанијата најавуваат дека на потенцијалните клиенти ќе им понудат пробно возење низ повеќе градови во Европа од август до октомври годинава.