Германскиот буџет има вишок од 245 милијарди евра

31

euro-870757_960_720

Фото: Pixabay

Минатата година германскиот суфицит се намалил на 245 милијарди евра, споредбено со претходната година кога вишокот на пари во буџетот на државата изнесувал 249 милијарди евра, пишува DW.

Германија често е на удар на критиките поради огромниот трговски вишок по порастот на увозот за 8,3% лани и извозот за 6,3% како последница на заздравувањето на светската економија.

Податоците од германскиот завод за статистика покажуваат дека минатата година нагло се зголемила побарувачката за германски производи во земјите од ЕУ и тоа за 7,9%.

Економските парнтнери на Германија и Меѓународниот монетарен фонд веќе подолг период апелираат до германската влада да троши повеќе средства од својот буџет и да вложува повеќе во капитални проекти не само на национално ниво, туку и ширум светот.