Ги отфрлате најдобрите идеи, а не сте ни свесни

75

Студија на Бизнис школата на Универзитетот Стенфорд ја тестираше креативноста на луѓето и утврди дека апстрактната втора идеја е покреативна од реалистичната прва идеја.

“Проценување на креативноста е тешко“, вели доцент Џастин М. Берг од Универзитетот Стенфорд.

Тој го истражувал делот од процесот кога луѓето смислуваат груби идеи. Тоа е, како што напоменува тој, кога луѓето размислуваат или креираат скици. Многу од тие идеи никогаш не се споделуваат со другите. Вложувањето на своето време во вистинска идеја може да води до успех.

Берг спровел пет експерименти во кои учесниците се занимавале со креативни проекти како осмислување на иновативен дел на фитнес опрема или механизам како би ги спречиле луѓето заспијат во автономни автомобили.

Берг вели дека постојат очигледни граници на неговата студија: истражувачите барале од учесниците да смислат три или четири идеи. Но, што ако некој има пет, десет, дваесет?

“Кога имате многу почетни идеи, вашата најперспективна идеја може нема да биде омилена. Тенденцијата на отфрлање на идеи кои ни изгледаат премногу нејасни или апстрактни мора да се спречи во најраната фаза на развој на идеја. Веројатно сите ги ‘убиваме’ најдобрите идеи во раниот креативен процес, а за тоа не сме свесни“, вели Берг.

Тој ги нуди овие едноставни правила за развој на нови идеи: Прво, ако сте под временски притисок, можеби би имало смисла да се одлучите за почетната идеја којашто е конкретна, бидејќи најбрзо ќе го достигне својот потенцијал. Ако имате доволно време, потрошете го на разработка на идеи, поставувајќи си го прашањето кои идеи се ветувачки пред да одберете со која идеја ќе продолжите.

А ако времето и ресурсите ви дозволуваат, развијте две идеи. На крајот ако имате некоја апстрактна идеја не ја споделувајте додека не стане конкретна. Можете да препознаете потенцијал на некоја идеја пред другите да го видат. Ако ви треба поддршка за некоја идеја, споделувањето на идејата подоцна може да биде подобро, отколку порано“, објаснува Берг.

Фото: Pexels