Јапонскиот производител на автомобили Тојота објави дека во ноември продал 920.569 возила, што е за 1,7 отсто повеќе во однос на истиот месец лани и претставува рекорд за месец ноември.
Спротивно на тоа, производството на автомобили на Тојота бележи пад веќе 10-ти месец по ред, паѓајќи за 6,2 отсто на годишно ниво, на 869.230 возила во ноември, пренесува Ројтерс.
Компанијата, исто така, пријави пад на извозот бидејќи во ноември испорача 173.939 возила во странство, што е за 3,6 отсто помалку од ноември минатата година.