Глобалната трговија има знаци на закрепнување во последните три месеци од 2020 година

18

Глобалната трговија има знаци на закрепнување во последните три месеци од 2020 година од таканаречениот пандемиски шок, предводена од зајакнатата трговска размена на производи, додека секторот на услуги го закочи континуираното ширење на коронавирусот, извести UNCTAD (United Nations Conference on trade and development).

Глобалната трговска размена се намали во 2020 година за 9% поради мерките за сузбивање на пандемијата.

Во втората половина од минатата година се намали за 15%, но закрепна во последните три месеци, предводени од зголемената размена на производи, посебно меѓу развиените и земјите во развој, нотира UNCTAD.

Извозот и увозот на производи пораснаа за околу 8% во последното тримесечје во 2020 година, во однос на претходните три месеци.

Размената на услуги се задржа на ниво од третото тримесечје, закочена поради епидемиолошките мерки, што посебно го погодија туристичкиот сектор.

За првото тримесечје од 2021 година, UNCTAD прогнозира пад на трговската размена на производи од 1,5% во однос на претходното тримесечје и 7% пад во трговија на услуги.

Фото: Freepik