Глобалниот пазар на дронови за 10 години ќе вреди 14 милијарди долари

33

Глобалниот пазар на дронови за цивилна употреба, каде како производител доминира Кина, тројно ќе ја зголеми вредноста на 14 милијарди долари во текот на следните 10 години, покажуваат истражувањата на коишто се повикува Reuters.

Се проценува дека овој пазар годинава ќе достигне вредност од 4,9 милијарди долари. Кинеските производители на дронови снабдуваат три четвртини од глобалниот пазар на дронови за комерцијална и цивилна употреба.

Фото: Pixabay