Го сакаат ли Скопје дигиталните номади?

76

Дигиталните номади се во постојана потрага по место што ќе им биде по нивна мерка, ќе одговара на нивните потреби, ќе им ја обезбеди потребната инфраструктура и инспирација за работа од далечина.

Светот од почетокот на пандемијата се соочи со феноменот работа од дома, работа од далечина или со еден збор работа од било кое место на земјината топка што ги има сите потребни услови за работа. Дигитални номади можат да бидат програмер, маркетинг експерти, дизајнери, инженери, новинари…, но и сите на кои императив во работата не им е канцеларијата и фиксно одредено работно време.

Според Nomad list, најдобар град, според дигиталните номади е португалската престолнина – Лисабон. Овој европски град ги има највисоките оценки според оние кои работат од далечина и можат да ја преселат својата “канцеларија“ каде што ќе посакаат.

Меѓу највисоко рангираните градови, освен Лисабон, се најдоа и: Мексико Сити (Мексико), Кангу (Индонезија), Бангкок (Тајланд), Чианг Мај (Тајланд), Берлин (Германија), Прага (Чешка), Пуерто Валарта (Мексико), Белград (Србија) и Истанбул (Турција).

Скопје, според Nomad List, се најде на 388-мо место, со вкупна оценка 3,44 од максимални пет.

Од земјите во регионот, се наоѓаат и овие градови: Загреб (17), Банско (53), Софија (57), Сплит (59), Бургас (81), Варна (94), Сараево (100), Атина (102), Љубљана (107), Анталија (114)…

Фото: Pixabay