Годишна конференција на Македонска берза

48

godisna-konferencija-2016-728x90-mk

Македонска берза денеска ќе ја одржи годишната конференција, на којашто ќе биде пуштена во употреба регионалната платформа за тргување СЕЕ Линк.

Воведно обраќање на конференцијата, што се одржува во хотелот Александар Палас, ќе имаат главниот извршен директор на берзата, Иван Штериев и Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредност.

Свои обраќања ќе имаат: Андре Кусвек, директор на секторот за развој на домашни валути и пазари на капитал при Европската банка за обнова и развој; Илијан Димитров, постар специјалист од Бугарската берза; Ивана Гражиќ, претседател на управата на Загрепската берза; Иван Такев извршен директор на Бугарската берза;  Јацек Кубац, принципал на секторот за развој на домашни валути и пазари на капитал при ЕБОР и владиниот претставник Зоран Ставрески.

На темата Каков пазар на капитал и е потребен на Македонија, свои обраќања ќе имаат Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија, претседателот на Македонската академија и науките и уметностите, Таки Фити и Тони Стојановски, член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје.

На конференцијата ќе бидат доделени и наградите: Кристално ѕвоно за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2015 година и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.