Ѓоковиќ купил данска компанија која развива лек за корона вирусот

181

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ има 80 отсто од акциите во данската биотехнолошка компанија „QuantBioRes“, која развива медицински третман против коронавирусот, потврди извршниот директор на компанијата, Иван Лончаревиќ.

Според Лончаревиќ, светскиот број 1, кој има заработено над 150 милиони долари само од тенисот, купил 80 отсто од акциите во компанијата во јуни 2020 година.

Компанијата од Копенхаген се обидува да развие третман против Ковид-19. Тие очекуваат оваа година да почнат со клинички тестови во Велика Британија, а имаат истражувачи во Данска, Австралија и Словенија. Лончаревиќ вели дека се работи за третман, а не на развој на нова вакцина.

Ројтерс пишува и дека вложената сума останала непозната, а инвестицијата сега е обелоденета, иако била реализирана уште порано.