Голем предновогодишен хуманитарен базар со Бимилк во Веро Центар

22

bimilk-05

На 23 декември со почеток во 12 часот во Веро Центарот во Скопје ќе се одржи завршниот настан во рамки на големиот проект Собираме и ре-креираме со Бимилк, којшто во изминативе три месеци се реализираше во повеќе градинки низ Македонија, стои во соопштението.

Настанот е од хуманитарен карактер и таму ќе бидат изложени предметите изработени од амбалажи Битолско млеко, кои дечињата во претходниов период ги изработуваа во своите градинки, а посетителите ќе имаат можност со нивно купување да донираат за СОС Детското село Македонија.

Покрај едукација за грижа за природата и создавање здрави навики преку консумација на млеко и млечни производи, токму хуманоста беше и крајната цел на овој голем проект во кој близу 2.000 деца од осум градови низ Македонија, заедно со нивното омилено Битолско Чупе учеа и за солидарноста кон оние што имаат помалку и како да си помагаат едни со други.

“Пресреќни сме што децата од сите градови што ги посетивме одлично ја прифатија оваа наша иницијатива и доколку успеавме барем до половината од нив да ја пренесеме нашата порака за негување на вистинските вредности, за нас мисијата е исполнета. Затоа, ги повикуваме сите кои зедоа учество во овој проект, но и оние кои сакаат да ги видат изработките на децата и да донираат за СОС Детското село, да нè посетат во сабота во Веро Центарот, да уживаат во празничната програма што ја подготвивме и заедно да ја покажеме хуманоста на дело“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг – менаџер во Бимилк.

За хуманитарниот базар е најавена богата предновогодишна програма во којашто главната улога ќе ја имаат Ивце Пивце и Битолското Чупе, меѓутоа предвидени се и многу игри, забава, претстави и награди за најмалите.