Голем раст на Волстрит

57

На Волстрит, индексот S&P 500 во вторникот го достигна највисокото ниво во последните два и пол месеци, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од добрите деловни резултати на малопродажниот синџир Best Buy и растот на цената на нафтата, кој го поддржа енергетскиот сектор.

Dow Jones зајакна 1,18 отсто, на 34.098 поени, додека S&P 500 порасна за 1,36 отсто, на 4.003 поени, а индексот Nasdaq 1,36 отсто, на 11.174 поени.

Така, индексите ги надоместија сите загуби од претходниот ден, а S&P 500 достигна највисоко ниво од 12 септември.

Силен раст на цената на нафтата и скок на цената на акцијата на Best Buy
Ова се должи, меѓу другото, на силниот раст на цената на нафтата, кој го поттикна енергетскиот сектор. Индексот на тој сектор вчера скокна за повеќе од 3 отсто, по два дена пад.

Силно пораснаа и цените на акциите во трговскиот сектор, во просек за 1,2 отсто, што најмногу се должи на скокот на цената на Best Buy, речиси 13 отсто.

Таа компанија вчера објави дека очекува помал пад на продажбата оваа година од претходно проценето, што ги ублажи стравувањата на инвеститорите дека високата инфлација ќе предизвика пад на продажбата во претстојната празнична сезона.

Но, аналитичарите велат дека пазарот е подложен на поголема нестабилност поради помалиот обем на тргување пред празникот Денот на благодарноста, кој многу инвеститори обично го поврзуваат со викендот.