Големиот број на обврски можат да му наштетат на бизнисот

78
  1. Понекогаш големиот број на работни обврски на работа може да има контра ефект врз продуктивноста. Еве кога е време да “олабавите“ малку:

Испуштање на рокови

Еден показател дека сте преоптоварени со работа е неможноста истата да се сработи до дадениот рок и покрај сите вложувања.

Недоволна фокусираност

Од премногу обврски се губи и фокусираноста на самата задача. На мозокот му треба одмор, а тоа не може да се случи кога сакаме ако имаме работа “до гуша“.

Мултитаскинг

Иако се практикува тој ретко е функционален како што се смета. Започнување на повеќе работи одеднаш, го става во ризик бизнисот.

Иритираност, нервоза

Штом не сте во состојба да ги постигнете обврските, одговорот е дека сте се нафатиле на повеќе одошто можете. Тоа само по себе носи нервоза и напнатост што секако не одат во прилог на продуктивноста.

Зачестени расправии

Меѓусебните расправии се нормални, но ако истите стануваат се почести поради премногу работа, тоа лошо влијае и на бизнисот.

Преминување кон нездрави навики

Недостаток на сон, откажување на вообичаените активности како вежбање и слично, работа доцна навечер, јадење на брза храна… Сите овие работи укажуваат дека сте “заглавени“ во преголем број на работни обврски и време е да ставите крај. Во спротивно ќе го влошите вашето здравје, здравјето на тимот, а бизнисот не би можел да напредува доколку тоа се случи.

Фото: Pexels