Големо отворање на реновираниот дел за брза храна во Рамстор Мол

35

Ramstore cover Gurmanski mesec

Од оваа среда (25.02) посетителите на Рамстор Мол ќе може да уживаат во проширениот и целосно обновен дел за брза храна во трговскиот центар.

Во изминатите три месеци интензивно се работеше на реновирање на овој дел од трговскиот кој, покрај обновениот изглед ќе понуди и нови светски брендови за храна. Новиот дел за брза храна е граден според најмодерни архитектонски изведби кои на посетителот ќе му понудат пријатна, современа и релаксирана атмосфера.

Ramstore-Gurmanski-mesec-poster--B1-(2)Со официјалното отворање на овој реновиран дел, ќе започне и гурманскиот месец во трговскиот центар под слоганот: Ајде да јадеме заедно.

Од среда сè до средината на март, Рамстор Мол подготви богата програма за своите верни посетители кои покрај уживањето во новиот фаст фуд дел, вкусната храна ќе може да поминат и пријатни мигови со прекрасно музичко мени но и да освојат голем број на подароци.

Покрај проширувањето на делот за храна во трговскиот центар целосно е обновено и осветлувањето, подобрена е и флуктуацијата и амбиентот во целиот објект. Како што најавуваат од менаџментот на Рамстор Мол наскоро се очекува и отворање на продавници на неколку нови брендови.