Google исплати 15 милиони долари бонуси

15

google-moneyGoogle им исплати скоро 15 милиони долари бонуси на четворица свои вработени на највисоки позиции за резултатите постигнати во 2012 година. Бонус нема да добијат двајцата соосновачи на компанијата. Најголемата награда од шест милиони долари ја доби извршниот претседател и поранешен шеф, Ерик Шмит. Остатокот од бонусот го добија главниот адвокат Дејвид Друмонд (три милиони), финансискиот директор Патрик Пикет (2,8 милиони долари) и извршниот бизнис менаџер Никеш Арора (2,8 милиони).

Лари Пејџ и соосновачот Сергеј Брин се задоволни од платата од еден милион долари, но нивните акции вредат милијарди долари, откако во 2004 година Google излезе на берза.

Во јануари, Google објави дека нето добивката на компанијата во последните три месеци од 2012 година пораснала за 7% во однос на истиот период една година претходно, на 2,89 милијарди долари. Приходите пораснале за преку една третина и изнесувале 14,4 милијарди долари.