Google ќе им помага на корисниците правилно да изговараат тешки зборови

32

Google има нова алатка којашто ќе помага правилно да се изговараат тешки зборови. Кога корисникот ќе побара да слушне како одреден збор се изговара, Google ќе обезбеди одговор.

Кога истиот збор корисникот ќе го каже во микрофонот на телефонот, алатката ќе “информира“ дали е изговорен правилно, пишува Engadget.

Алатката ќе функционира со помош на технологија за препознавање на говор и tехнологија за одвојување на изговорени зборови во индивидуални слогови.

Исто така, ќе се користи и машинско учење коешто ќе покаже дали изговорот од корисникот е точен со понуден фидбек.

Алатката е достапна на англиски, а шпанската верзија доаѓа подоцна.

Фото: Google