Google ќе понуди водење на трансакциски сметки преку Google Pay

55

Уште еден технолошки гигант се приклучува кон нудење на финансиски услуги преку своја платформа. Google планира да воведе трансакциски сметки во апликацијата  Google Pay. Проектот, којшто е наречен Cache, би можел да стартува уште следната година.

Услугата доаѓа како резултат од соработка на компанијата со Citigroup и мала кредитна унија од Универзитетот Станфорд.

Google потенцира дека на сметките ќе стојат имињата на финансиските институции преку коишто се вршат услугите, пишува The Verge.

Инцијативата има за цел да им помогне на луѓето полесно да ги средуваат своите сметки онлајн. Финансиската услуга, исто така, ќе се искористи да се понуди лојалти програми за кредитни картички.

Со оглед на тоа дека ваквиот тип на услуги влева и одредена недоверба кај клиентите, од компанијата велат дека во ниту еден случај нема да ги нудат податоците од сметките на своите клиенти на огласувачи.

Фото: Pixabay