Google креираше “телефон од хартија“ за да ја намали зависноста од смартфони

29

Со цел да ја намали зависноста од паметни телефони, Google креираше колекција на алатки за подобар баланс со технологијата.

Помеѓу експерименталните апликации се најде и телефон од хартија, што всушност е  печатена верзија на паметниот телефон од корисникот.

На овој начин, според Google ги имаме пред нас најважните апликации и не сме зависни од постојано проверување на телефонот и неговото штетно зрачење.

Фото:  Google