Google развива нов систем за блокирање на детска порнографија

24

Blocked-WebsiteGoogle работи на технологија која ќе овозможи многу понапредно и подобро блокирање на детска порнографија од резултатите на пребарувањата. Станува збор за систем кој ќе ги поврзе базите на податоци на вакви содржини што ги воделе поединечни веб страници, организации за заштита на децата, законодавни агенции… Информациите за постоењето на вакви содржини сега ќе бидат достапни на едно место и сите страни ќе можат да учествуваат во полнењето и користењето на податоците во базата.

Во рамките на овој проект, Google подготви фонд од два милиони долари кои ќе им бидат на располагање на независните софтверски куќи да развиваат нови алатки за препознавање и блокирање на детска порнографија на интернет.