Горивата по стара цена и оваа недела

31

Цените на горивата од полноќ остануваат исти како и минатата недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

И оваа недела Еуросупер БС – 95 ќе чини 60,50 денари, а Еуросупер БС – 98 62,50 денари за еден литар. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) и оваа недела ќе се продава по 53 денари. Малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денар/литар и ќе се точи за 52,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 21.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,701 ден/кг.

Фото: Freepik