Говор на телото што ги издава лажговците

39

pinokio

Фото: Pixabay

Дали можете да препознаете кога некој ве лаже?

Новото истражување на Др. Лион Бринка, форензички психолог од Универзитетот Беркли од Калифорнија, посочува дека кај луѓето инстинктите за оценување на лажговци се многу силни, но свесниот ум е тој што понекогаш потфрла. За среќа, постојат одредени знаци што можеме да ги забележиме кога сакаме да детектираме лага.

Експертот за однесувањето на луѓето и говорот на телото, др. Лијан Глас работела со FBI во разоткривање на сигналите за измама и во својата книга Говорот на телото на лажговците, посочува дека првото што треба да се знае е какво е вообичаеното однесување на лицето. Потоа треба да се обрне големо внимание на фацијалните изрази, говорот на телото и говорните обрасци.

Прочитајте ги следните знаци што можат да ви помогнат да откриете дали некој ве лаже:

1. Брзо ја менуваат позицијата на главата

Доколку забележите дека лицето што дирекно сте му поставиле прашање одеднаш направи движење со главата, најверојатно ве лаже. Главата ќе ја повлече навнатре, ќе ја наведне надолу или ќе погледне на страна, пред да одговори на прашањето.

2. Имаат промена во дишењето

Кога некој ве лаже, ќе почне да дише потешко. Тоа е рефлексна реакција. Кога дишењето ќе се промени, рамениците ќе се подигнат и гласот ќе им стане плиток. Оваа реакција е затоа што остануваат без здив, поради зголемената работа на срцето и протокот на крв во организмот. Телото ќе ги доживее овие промени кога лицето е нервозно или е под стрес, односно кога лаже.

3. Стојат мирно

Општо познато е дека луѓето возбудено се движат кога се нервозни, но исто така треба и да внимавате на луѓето што воопшто не се движат. Тоа може да е реакција на примитивната невролошка борба, кога телото се подготвува за конфронтација. Кога нормално комуницираат луѓето, тие го движат телото несвесно наоколу, во релаксирани и суптилни потези. Затоа внимавајте доколку забележите крут став и ригидно однесување.

4. Повторуваат зборови или фрази

Тоа се случува затоа што се обидуваат да се убедат себеси, а и останатите во тоа што го зборуваат. Ги повторуваат зборовите и фразите со цел да ја направат валидна лагата во нивниот ум. Исто така повторувањето им овозможува да “купат“ време, додека ги средуваат мислите и прават концепт.

5. Даваат премногу информации

Кога некој континуирано зборува и дава премногу информации што не се побарани и особено се задржува на деталите, постои голема веројатност дека не ја говори вистина. Лажговците често зборуваат многу и со нивната привидна отвореност се надеваат дека ќе им поверувате.

6. Ја допираат или покриваат устата

Најчест знак на лажење е кога луѓето автоматски ќе ги стават своите раце врз устата, кога тие не сакаат да се справат со прашањето или да одговорат на него. Кога возрасните ги ставаат рацете на устите, тоа значи дека не сакат да ги изложат сите информации или дека лажат. Буквално ја затвораат устата за комуникација.

7. Нервозно мрдаат со нозете

Ова е реакција на телото што може да ви посочи дека личноста е потенцијален лажго. Нервозното мрдање покажува дека сакаат да ја избегнат ситуацијта и да си заминат. Ова е клучен показател за детектирње на лажговци. Погледнете ги во стапалата и тие ќе ви кажат многу.

8. Им станува тешко да зборуваат

Ова се случува бидејќи автоматски во нервниот систем во време на стрес се намалува плунковниот проток, се суши устата и потешко се зборува. Други знаци се кога ненадејнано се гризе или се стискатаат усните.

9. Зјапаат во вас без да трепнат

Кога луѓето лажат најчесто го избегнуваат контактот со очите, но лажговците можат и непрестајно да зјапаат со цел да ја контролираат ситуацијата и да ве изманипулираат. Кога луѓето ја говорат вистината, голема е веројатноста дека од време на време погледнат на страна. Исто така знак дека лажат е ако брзо трепкаат.

10. Имаат тенденција да напаѓаат

Кога лажгото станува нетрпелив или дефанзивен, тогаш ќе го сврти вниманието кон вас. Ќе почне да ве напаѓа и ќе стане агресивен, зошто сте му ја откриле лагата, што може да резултира со многу укажувања.