Град Скопје го објави повикот за аплицирање за субвенции за набавка на печки на пелети

20

Фото: Pixabay

Градот Скопје го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети, стои во соопштението.

Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Овој повик ќе се реализира по принципот прв дојден, прв услужен.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30-ти ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.