Град Скопје ќе ги блокира сметките на должниците за 2018 година

26

Град Скопје ја почна постапката за присилна наплата на неплатени обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година, согласно Законот за даноци на имот за присилна наплата.

Како што стои во соопштението, постапката започна со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.

Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15.11.2019 година, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Од Град Скопје укажуваат дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.