Градежната оператива со повеќе работа во странство од лани

22
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2024 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158 247 илјади денари, што е за 10.8 % повеќе во споредба со
истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 49 822 илјади денари, што е за 16.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – март 2024/2023 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 55.6516 денари.