Градежни компании лани изградиле објекти вредни околу 29,3 милијарди денари

21

Фото: Pixabay

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност, во 2018 година, извршиле градежни работи во вредност од 29.320.988.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од нив, 11.527.868.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на минатата година се градени вкупно 2.209 објекти, а завршени се вкупно 3.437 станови со вкупна површина од 227.797 метри квадратни, од коишто 3.413 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 66,3 метри квадратни. По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, па во Југозападниот и Источниот.

Од друга страна, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 8.216.669.000 денари.

Во текот на 2018 година се изградени вкупно 1.717 објекти и завршени се вкупно 1.999 станови со вкупна површина од 233.015 метри квадратни, од коишто 113 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 8.944 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 116,6 метри квадратни.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот, па во Полошкиот и Југозападниот регион.