Градежниот сектор очекува зголемување на порачките и бројот на вработените

15

Индикаторот на доверба во првото тримесечје од оваа година, според оценката на раководителите на деловните субјекти од градежништвото, е зголемен за 1,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2,3 процентни поени е зголемен во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период.

Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното
тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2014 година, оценката за финансиската состојба
на нивните деловни субјекти е дека е поповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за сегашната
состојба со порачки (договори), исто така, е поповолнa во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на
механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2015 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните
фактори: немањето побарувачка со 21,6%, зголемените трошоци за материјали со 15,5%, конкуренцијата во
сопствениот сектор со 13,1% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 12,9 %.