Градежништвото минатата година со раст од 33%

24

Градежништвото минататата година оствари раст од 33% и имаше значајна улога во растот на економијата во целост. За годинава од Буџетот се предвидени 365 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески прогласувајќи го за отворен 11. Меѓународен сам на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и на 4. Саем на недвижности и инвестиции – RealExpo.
Ставрески потенцираше дека растот не е случаен и дека е поттикнат од низа мерки и активности и потези што ги прави и приватниот сектор и Владата во насока на поддршка на градежната активност.
“Предвидените средства за 2014 година ќе завршат во изградба на патишта, училишта, спортски објекти и се она што може да даде работа за македонските градежни компании и за вклучување на македонски работници или за подобри резултати на фирмите. Голем број македонски фирми беа вклучени во реализација на капиталните проекти кои се финансираат од буџетот, но дека и голем дел ги искористија можностите за да изградат згради, индивидуални куќи или деловни објекти”, рече Ставрески.
Вицепремиерот смета дека се важни и други мерки што се преземаат за подобрување на бизнис климата меѓу кои поедноставената процедура за издавање градежни дозволи, продажбата на градежно земјиште од едно евро за метар квадратен, како и проектот Купи куќа, купи стан.
На годинашната саемска манифестација се пристуни 300 компании од Македонија регионот и пошироко, како и на инвеститори во рамките на RealExpo, и се очекуваат повеќе од 15.000 посетители.
Градежниот сектор очекува годинава да продолжи да расте, да има поголема побарувачка на градежни материјали, цените сметаат дека можеби ќе се променат но незначително, а за цената на становите посочуваат дека е оптимална. Градежните фирми посочуваат градат висококвалитетни градби.
Ванчо Чифлиганец од АДОРА Инженеринг посочи дека тие градат 250 станови годишно и дека сите се продаваат кога станува збор за вискоквалитетни градби. Годинава потенцира дека компанијата има за 10% повеќе продадено станови во однос на претходните месеци.
“Има мал пад на цената и мислам дека под таа цена не може да се спушти. Во Скопје цената од 900 до 1.200 евра е нормална цена за македонски услови”, рече Чифлиганец.
Велимир Петровски од Кнауф Радика посочи дека годинава очекуваат раст од 20%, кој го очекуваат од проширување на продажната програма.
“Цените потенцира дека се стабилизирани иако сме под притисок на зголемување на цените на енергенсите и репроматеријалите кои доаѓаат од увоз. Енергенсите се голема ставка во производството и затоа сметаме дека гасификацијата ќе и помогне на индустријата на производство”, рече Петровски.
На саемот за градежништво, кој подразбира сестрана промоција на оваа стопанска дејност на производителите и трговците од Македонија и од странство, се нудат производи и услуги за работа, модернизирање, одржување и опремување објекти и имоти. Акцентот ќе биде ставен на новите материјали кои обезбедуваат енергетски заштеди. На саемот на недвижности ќе бидат понудени над 3.000 станови во Скопје, Охрид и Струмица од повеќе домашни и од една странска компанија, ќе бидат промовирани нови објекти, како и поволни услови за купување станови преку кредити од комерцијалните банки.