Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност, во текот на 2014 година, потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.099.609.000 денари, што е за 9,2% помалку во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата
Материјали за врзување со 3.133.427.000 денари (34,4%), потоа следуваат групите Потрошено
гориво со 1.366.576.000 денари (15%)., Материјал за инсталации на вода, канализација, греење,
вентилација, за санитарни уреди со 1.028.468.000 денари (11,3%), итн.