Градоначалникот на Лондон си ја скрати платата за 10%

33

Градоначалникот на британската метропола, Садик Кан, донесе одлука да си ја намали платата за 10%, како мерка што би ја помогнало локалната самоуправа во справување со кризата што ја предизвика пандемијата.

Годишната плата на Кан е 152.734 фунти (170.276 евра), а сега со најновата одлука таа ќе биде намалена за скоро 15.300 фунти (17.000 евра). Освен платата на градоначалникот, се замрзнуваат платите и членовите на градската управа.

Кан го повика британскиот премиер, Борис Џонсон, да им помогне на локалните власти коишто се соочуваат со потешкотии при сервисирање на обврските на јавните служби, коишто се принудени да преземат мерки за штедење, пренесува Sky news.

Градоначалникот на Лондон предупреди и дека недостигот на средства од скоро 500 милиони фунти, би можело да резултира со намалување на буџетите на полицијата, противпожарните единици, јавниот превоз…

“Жителите на Лондон ќе ја направат вистинската работа во борба против Ковид-19, а тоа е доследно почитување на правилата, останувајќи дома за да се помогне да се спасат човечки животи“, изјави Кан.

Фото: Freepik