Градови со “изгор“ цени на станови

55

Вложувањето во сопствен “покрив“ над главата е една од најпаметните инвестиции, но тоа подразбира и одвојување на поголема сума на пари. Сепак, во некои земји е потребно огромно богатство за да се купи недвижен имот.

Хонгконг важи за град со највисоки цени на недвижнините, а просечна цена на еден стан е околу 1,25 милиони долари. Овој посебен административен регион на Кина важи за место во коешто е многу тешко да се дојде до сопствен дом, па многу луѓе живеат во таканаречени кафези, што собираат само по едно лице.

Втор најскап град, според цените на становите, е германски Минхен. Просечната цена на стан во третиот по број на жители во Германија е околу еден милион долари. Минхен до 2018 година, цели две декади, го држеше приматот на најскап град во Германија за изнајмување на недвижнина.

Сингапур е трет град по енормно високи цени на становите. Па така, во овој град просечната цена на еден стан е близу милион долари (поточно 915.600 долари).

Меѓу градовите, според World Atlas, коишто имаат огромни цени на становите се и:

Шангај – 905.830 долари

Женшен – 783.860 долари

Пекинг – 763.500 долари

Ванкувер – 754.620 долари

Лос Анџелес – 717.580 долари

Париз – 650.550 долари

Њујорк – 646.030 долари

Фото: Freepik