Градовите во иднината ќе се градат од коски и лушпи од јајца?

28

CitiesNEW_LargeFeature_1536x1152Град изграден од коски и лушпи од јајца можеби звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но сепак станува збор за идеја на научници од Универзитетот во Кембриџ којашто може да помогне на брзорастечката популација во градовите и да ги намали јаглеродните емисии во воздухот.

Според тамошните научници, вообичаените материјали што се користат при градење, како бетонот и челикот, придонесуваат за речиси 10% од глобалните емисии на јаглерод, пишува Phys.org. Пред да бидат погодни за конструкција, прво треба да се обработат на висока температура и сето тоа повлекува многу енергија.

Сепак, за да се оствари оваа идеја требаат уште многу истражувања. Истражувачите се надеваат дека вештачки произведените коски и лушпи од јајца, направени од протеини и минерали ќе можат во иднина да ги заменат бетонот и челикот.

Мишел Ојен, биоинженер во одделот на инженерство во Кембриџ вели дека голем дел од јаглеродните емисии во воздухот се предизвикуваат од производството на градежните материјали. Токму затоа нејзиниот тим работи на изнаоѓање на алтернативни материјали што ќе можат да придонесат за почиста животна средина. Освен вештачки коски и лушпи од јајца, според неа, ќе биде потребен и колаген што ќе ги држи заедно минералите. Ова е еден голем предизвик, со оглед на тоа што овој минерал го има кај животните и треба да се направат дополнителни истражувања за да се утврди дали истиот може да се создаде вештачки.

Уште еден предизвик ќе биде самата градежна индустрија што тешко би пристапила кон вакви промени. Сепак, тимот се надева дека еден ден оваа замисла ќе биде стварност и ќе живееме многу поквалитетно.