Граѓаните на ЕУ сè повеќе користат уреди кои се поврзани на Интернет

Граѓаните на ЕУ сè повеќе користат уреди кои се поврзани на интернет, е заклучокот од истражувањето што денеска го објави Евростат.

Во 2022 година, повеќе од половина од луѓето во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години, поточно 52 отсто, користеле ТВ поврзан на интернет, што е за девет отсто повеќе отколку во 2020 година.

Употребата на паметни уреди за носење, како што се часовници, фитнес ленти, очила или слушалки поврзани на Интернет и други слични додатоци, исто така е во пораст, при што 26 отсто од луѓето ги носеле во 2022 година, девет отсто повеќе отколку во 2020 година.