Granfluencer – влијателни лица на социјалните мрежи со долг животен стаж

47

Фото: Pixabay

Ако мислевте дека социјалните мрежи се резервирани само за млади луѓе, сепак во светот тоа не е така. И покрај тоа што скоро три четвртини од влијателните лица на социјалните мрежи се на возраст под 35 години (42% се на возраст од 18 до 24 години), тоа не значи дека нема простор за оние малку повозрасните.

Затоа, се појавува “нов бран“ на инфлуенсери под поимот granfluencer.

Според BBC, тоа се “баби и дедовци“ на кои одлично им оди на социјалните мрежи.

Во овој момент веќе има голем број на “ѕвезди“ на Instagram кои ги кршат стереотипите, објавувајќи фотографии од својот животен стил.