Граничниот премин “Евзони” затворен поради пожар

Избувна пожар на неколку метри над граничниот премин „Богородица/Евзони“, на грчката страна, по што тој е целосно затворен и не работи.

Како што пишуваат грчките медиуми, пожарот избувнал нешто по 12 часот на тревна површина.

На терен се излезени  пожарникари, а во гаснење на пожарот учествува и еден хеликоптер.