Гранит за девет месеци прокнижи добивка од 301,2 милиони денари

37

Градежната компанија Гранит, во период од први јануари до 30-ти септември, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 301.284.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, добивката на компанијата достигна 327.852.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември, достигнаа 4.001.163.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 3.651.862.000 денари, додека остатокот од 349.301.000 денари е остварен на странски пазари.

Вкупните приходи од продажба, во деветте месеци од 2018-та година, изнесуваа 3.570.965.000 денари.

Фото: Pixabay