Грант од ЕБОР за заедничката компанија на Македонската, Бугарската и Загрепската берза

25

Компанијата Сее Линк ДОО Скопје, што Македонската, Бугарската и Загрепската берза во мај годинава ја основаа со цел креирање на соодветна заедничка платформа за тргување со акциите што котираат на овие берзи, денеска во Скопје ќе потпише договор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на овој регионален проект.

Средствата од фондовите што ќе ги обезбеди грантот на ЕБОР значително ќе придонесат за успешна реализација на овој проект што ќе им го олесни пристапот на инвеститорите до регионалните пазари и ќе придонесе за зголемување на визибилноста на берзите – учеснички во проектот и хартиите од вредност кои се тргуваат на нив.