Грантови за консултантски услуги од ЕБОР за македонските компани

30

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) нуди грантови за консултантски услуги за компаниите од Македонија. Висината на грантот ќе се определува според три критериуми и тоа големината на компанијата, каде е таа лоцирана и според видот на советот што и е потребен на бизнисмените, пишува Миа.

Повисок грант ќе им се додели на мали компании со помалку од 50 вработени, како и на фирми што се наоѓаат во помалку развиените региони, односно надвор од Скопје, а на кои им треба советување за стратегија, деловни процеси или инженерски решенија.

И покомплексните проекти како оние за енергетска ефикасност, стратегија, деловни процеси, инженерски решенија и финансиско известување ќе добијат повисок грант.

Специјална програма е дизајнирана за поддршка на бизниси предводени од жени на кои ќе им се доделат 10% повисок грант од предвидените, а доколку компанијата користи финансии од ЕБОР или од некоја од партнер банките на ЕБОР во рамки на програмата за женско претприемништво, тогаш ќе се доделат дополнителни 10% за трошоците за консултантски проект или бизнис – коучинг проектот, покривајќи максимум до 90% од нето вредноста на проектот.