Грчки Goody’s на местото на McDonald’s?

30

82E099D3315D162259EB97B07D8959BCСпоред информации од порталот zase.mk, на местото на McDonald’s чии ресторани беа затворени во средината на мај годинава, доаѓа брендот за брза храна од Грција Goody’s.

Откако беа затворени рестораните на 14 мај во Скопје, Охрид и Тетово, без работа останаа повеќе од 200 вработени и беше неизвесно што ќе се случува понатаму.

Брендот Goody’s, за чие пристигнување во Македонија се уште нема датум, е основан во 1975 во Солун, а освен во Грција има ресторани и во Кипар, во Бугарија и Португалија.