Грција го троши скоро целиот буџет во првиот квартал?

37

Продолжението на рестриктивни мерки ќе го потроши целиот финансиски “арсенал“ со којшто располага Грција, бидејќи само во првиот квартал ќе потроши 6,5 милијарди евра, од 7,5 милијарди евра буџет колку што е предвиден за цела година, пишува Екатимерини.

Според грчкиот весник, тамошното министерство за финансии се труди да овозможи мерките да се одржат до крајот на март, за да не замре бизнисот во Грција, но тоа ќе биде многу тешка задача, бидејќи средствата се ограничени и некои владини претставници веќе предлагаат стеснување на “ременот“ во период до крајот на март, плашејќи се дека пандемијата ќе продолжи да прави сериозни финансиски проблеми до крајот на јуни.

Грција веќе ги троши резервите од 30 милиони евра за плати и пензии, бидејќи државните приходи се значително намалени и нема веќе извори од кои државата може да црпи ликвидни средства за поддршка на компаниите и вработените.

Фото: Freepik