Грција ја укина обврската за носење маски на отворено

36

Грција од денеска ја укинува обврската за носење маски на отворено, освен на големи собири. Овој чекор Грција го следи од Франција, Шпанија и Италија.

Со подобрување на епидемиолошката состојба, Грција од понеделник го укинува и полицискиот час.

“Бројот на луѓе кои се на респиратор и бројот на починати секој ден се намалува. Моменталната ситуација охрабрува“, рекла Вана Папаевангели, членка на одборот за здравство на грчката влада што е задолжена за против со пандемијата.

Вработените кои се вакцинирани веќе нема да имаат обврска да прават тестови еднаш неделно.

Бројот на лица кои може да седат на иста маса во ресторани или кафулиња е зголемен од шест на 10.

Во Грција веќе неколку денови може да се влезе без негативен ПЦР тест, бидејќи е доволно да се покаже брз антиген тест.

Грција скоро преку ноќ ги укина сите рестриктивни мерки што ги воведе на седми декември минатата година.

Досега земјата пријавила вкупно 419.455 заразени лица со коронавирус, а 12.595 смртни случаи.

Фото: Freepik