Грција од дома – онлајн платформа за туристичка промоција за време на пандемија

66

Greece from home (Грција од дома) е онлајн платформа, којашто има за цел да го зајакне имиџот на земјата во текот на пандемијата од коронавирусот, јавува грчки Ekathimerini.

Платформата има две основни цели, едната на луѓето ширум светот да им помогне да останат во допир со грчката култура, да ги откријат атракциите на земјата од дома, како и вработените во туризмот во Грција, со помош на Google, да ги унапредат своите информатички вештини.

Грција од дома треба да го задржи интересот на потенцијални посетители, ќе се користат и видеа од YouTube, каде ќе бидат поставени снимки со познати личности, како што се тенисерот Стефанос Циципас и НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо.

Фото: Printscreen / YouTube