Грција: Онлајн продажбата на супермаркетите порасна за 262% во 2020 година

21

Онлајн продажбата на грчките супермаркети порасна за 262% на 163 милиони евра во 2020 година во споредба со претходната година, јавуваат тамошните медиуми.

Онлајн продажбата на мало забележана во декември имаше огромен раст од 669% во однос на истиот месец од 2019 година.

Уделот на супермаркетите во вкупната онлајн продажба во Грција лани се зголеми на 1,8% наспроти 0,4% една година претходно.

Најголем скок на продажбата има замрзната храна и свежи намирници (+446%), пекарски производи (+420%), пакувана храна (+397%), козметика (+363% и алкохолни и безалкохолни пијалаци (+337%).

Фото: Pexels