Грција со нови мерки за помош на домаќинствата и компаниите

29

Грчкиот министер за финансии, Христос Стаикурас претстави пакет мерки со коишто се намалуваат одредени даноци и придонеси, а имаат за цел да им помогнат на домаќинствата и компаниите во време криза.

Мерките вклучуваат трајно авансно оданочување од 100 на 55% на сите самовработени, за компаниите од 100 на 70% оваа година и на 80% во 2022 година.

Данокот на добивка за компаниите се намалува од 24 на 22% од 2022 година.

Грчките власти ќе продолжат со намалување на придонесите за социјално осигурување на работници во приватниот сектор за три процентни поени во 2022 година и ќе ја запрат наплатата на “солидарни“ давачки.

“Фискалниот трошок на првите три мерки, договорени со институциите, ќе изнесува околу 900 милиони евра за 2021 година и околу 200 милиони евра годишно за следниот период“, објави грчкиот министер.

Трошокот на останатите две мерки во 2022 година ќе изнесува околу 1,6 милијарди евра.

Фото: Pexels